Emre Aytekin
26 Декември 2019•Ажурирај: 29 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Разузнавачките авиони на американските воздухопловни сили реализираа извидување во близина на Корејскиот Полуостров, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави новинската агенција „Јонхап“ на Јужна Кореја, порталот за следење на авионите „Aircraft Spots“ пренесе дека два извидувачки авиона од типот „RC-135 Cobra Ball“ полетале од јапонскиот остров Окинава и летале во западниот дел на Јапонското Море и околу Корејскиот Полуостров.
Од друга страна, исто така е утврдено дека американскиот авион „E-8 Joint STARS“ во истата област летал на надморска висина од 9.400 метри.
Летовите се совпаднаа во време кога иднината на разговорите за нуклеарната програма меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Северна Кореја се неизвесни и кога постои загриженост од ново тестирање на оружје од страна на администрацијата на Пјонгјанг.
Се гледа дека САД во овој процес ги интензивираа воените разузнавачки активности против Северна Кореја. „Aircraft Spots“ оваа недела објави дека американскиот модел на авион за извидување „RC-135W Rivet“ е регистриран во регионот. Исто така, на 11 декември регистриран е еден стратешки бомбардер „B-52“ и беспилотното летало „Global Hawk“.
Нуклеарните разговори меѓу Северна Кореја и САД, кои продолија од февруари оваа година, прекинати се на состанокот во Шведска одржан на 5 октомври.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, на администрацијата на САД ѝ даде рок до крајот на годината да даде конкретни предлози за да продолжат преговорите, во спротивно предупреди дека ќе продолжат нуклеарните и интерконтиненталните ракетни испитувања.