Övünç Kutlu
07 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
ЊУЈОРК (AA) - Речиси 100 американски компании од напредната технологија, меѓу кои се наоѓаат „Гугл", „Ејпл", „Мајкрософт", „Фејсбук", „Твитер", „Нетфликс", предадоа барање до судот против уредбата на претседателот на САД Доналд Трамп со која се ограничува имиграцијата на странските државјани на одедено земји во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, 97 познати компании отворено се противат на претседателскиот декрет за забрана за влегувањето во САД за државјаните на Ирак, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.
Директорите на познатите американски компании потпишаа заедничка изјава со која пружаат поддршка на правосудната процедура која е во тек против спроведувањето на претседателската уредба.
Во заедничка изјава порачаа дека одлуката на Трамп за забрана за влегување во САД за бегалците и државјаните на седум претежно муслимански земји претставува кршење на имиграцискиот закон како и американското општество.
Се додава дека таквата одлука, за која велат дека предизвикала изненадни промени во американските закони, можеше во значителна мерка да им наштети на американските компании.
Инаку, колевка на американските компании од напредната технологија „Silicon Valley" вработува илјадници имигранти и посебно е погодена од новата претседателска уредба.
Меѓу останатите потписници на изјавата се и „ ЕјрБнб", „Дропбокс", „Интел", „Кикстартер", „ЛинкедИн", „Лифт", „Мозила", „Нетфликс", „ПалПлеј", „Убер" и „Јелп".