свет

Американски воен брод се закотви крај брегот на Појасот Газа

Се очекува бродот да учествува во изградбата на пловечко поморско пристаниште што го најави американската администрација во март

27.04.2024 - Обновена : 29.04.2024
Американски воен брод се закотви крај брегот на Појасот Газа Фото: Ashraf Amra/АА

ГАЗА (АА) - Американски воен брод се закотви крај брегот на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Брод на Американската морнарица се закотви на неколку наутички милји од брегот на централниот дел на Појасот Газа.

Се очекува бродот да учествува во изградбата на пловечко поморско пристаниште што го најави американската администрација во март.

Пловечкото пристаниште ќе се користи за обезбедување хуманитарна помош преку море во Газа, според претходните најави на американските власти.

Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) на 10 март го најави испраќањето на првиот брод во Источниот Медитеран кој ќе обезбеди хуманитарна помош за Појасот Газа преку море.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата земја ќе изгради привремено пристаниште на брегот на Појасот Газа со цел да се доставува поголема количина хуманитарна помош.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.