Fuat Kabakcı
28 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
ЊУЈОРК (АА) - Американецот Кит Вилијам Николета од Флорида е осуден на 20 години затвор за основање лажен фонд за помош на погодените од пандемијата на Ковид-19 и проневера на парите што ги добил по тој основ од властите на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Николета основал фиктивна фирма преку која од Федералната програма за заштита на платите (PPP) добил 1,9 милиони долари, наменети за помош на фирмите кои претрпеле финансиски загуби за време на пандемијата.
Со истрагата е утврдено дека 48-годишниот Николета ги потрошил добиените пари за купување луксузни автомобили и недвижнини.
Тој беше лишен од слобода во октомври минатата година, а судот го осуди на 20 години затвор. Со пресудата на Николета му се одземени автомобилите и недвижниот имот кои ги купил со парите од фондот.