Seda Sevencan
26 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
БАКУ/АНКАРА
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денес изјави дека се надева дека Ерменија ќе се придржува до договорот за прекин на огнот за да се спречи понатамошна ескалација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Присуствувајќи на онлајн прес-конференција, Илхам Алиев рече дека политичката криза во Ерменија е резултат на нејзината окупаторска политика.
Односите меѓу поранешните советски републики Ерменија и Азербејџан се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, територија признаена како дел од Азербејџан и седум соседни региони.
На 27 септември минатата година, ерменските сили започнаа нови напади врз населените места и воените позиции на Азербејџан, а азербејџанската Армија одговори со операција за ослободување на окупираните региони и успеа да им нанесе големи загуби на ерменските сили и да ослободи неколку градови и над 300 населени места.
Ерменија и Азербејџан на 10 ноември минатата година постигнаа договор за ставање крај на судирите во Нагорно Карабах. Договорот беше постигнат со посредство на Русија и предвидуваше повлекување на ерменските сили од Лачин, Келбеџер и Агдам. Руските и турските мировни сили ќе бидат вклучени во механизмот за мониторинг на примирјето.