Hatice Kesgin
05 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
БАМАКО (АА) - Лидерот на еден огранок на ал-Каеда презеде одговорност за нападот на хотелот во Бамако, Мали, на 20-ти ноември во кој беа убиени 19 лица, јавува Anadolu Agency (АА).
Абделмалик Дрокдел, лидерот на Ал-Каеда во исламскиот Магреб, објави видео, доцна синоќа, во кое ја дели одговорноста за смртоносниот напад заедно со уште една екстремистичка група, ал-Мурабитун.
Лидерот на таа група, Алжирецот Моктар Белмоктар, и ветил верност на ал-Каеда минатиот мај.
Синоќешното видео одбива било каква поврзаност на двете групи со ДАЕШ, опишувајќи го како нивен непријател.
Формирана во 2013 година, групата ал-Мурабитун е активна во северниот дел на Мали и африканскиот регион Сахел.
Во последниве години, имаат презедено одговорност за неколку напади во регионот, вклучувајќи и многу заложнички инциденти.