Ekip
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Малезиската полиција уапси пет лица, вклучувајќи го и наставникот од Европа, кој престојувал во Босна и Херцеговина, под сомнение дека се поврзани со милитантните групи na Ал- Каеда и ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Генералот Калед Eбу Бакар изјави дека Европеецот е уапсен во државата Пенанг додека работел како професор по англиски јазик.
"Тој ѝ се приклучил на Ал Каеда и бил вмешан во терористички активности во Авганистан и во Босна", рече Eбу Бакар.
Четворицата од петте уапсени биле странци додека еден е од Малезија. Во полициското соопштение се наведува deka петтмината мажи се уапсени во одделни операции во периодот од 17 ноември до 1 декември во пет различни држави во Малезија.
Малезија минатата година уапси над 130 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДАЕШ и другите милитантни групи.