Ruslan Rehimov
22 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
БАКУ (АА) - Инженерските единици на Вооружените сили на Азербејџан уништија повеќе од 16.000 мини и неексплодирана муниција поставени од Ерменската армија во ослободените области, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека продолжува расчистувањето на мини и неексплодирани бомби во областите ослободени од окупацијата.
Турските инженерски единици исто така учествуваа во активностите за пребарување и расчистување. Во активностите користена е механичка опрема за расчистување мини (MEMATT) од турско производство.
Од мини исчистени се патишта, земјоделски површини и населени места. Се истакнува дека од страна на инженерските сили расчистени се 11.900 хектари земјиште во ослободените области.
Покрај тоа, уништени се повеќе од 16.000 мини и неексплодирано оружје.
Познато е дека имало стотици илјади мини поставени од Ерменија за време на окупациониот период во регионите ослободени од Азербејџан.
Активностите за расчистување на мини ги спроведува Азербејџанската агенција за расчистување мини (АНАМА). Инженерските единици на Азербејџан, исто така, придонесуваат во овие активности.