Ruslan Rehimov
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
БАКУ
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, Лејла Абдулаева, во писменото соопштение истакна дека Турција низ целата историја игра значајна улога во развојот на медитеранскиот регион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Таа изрази надеж дека наскоро ќе бидат решени сегашните тензии во Источниот Медитеран.
„Одлучно ги подржуваме сите чекори на братска Турција кои се во насока на мирот и стабилноста и се засноваат на меѓународното право“, рече Абдулаева.
Во врска со изјавата на Министерство за надворешни работи на Ерменија за активностите на Турција во источниот Медитеран, Абдулаева нагласи: „Неоснованите обвинувања и ставови на Ерменија против Турција треба да бидат осудени бидејќи се обид за злоупотреба за нивните тесни политички интереси и треба да бидат отфрлени.“