Kenan Irtak
05 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот директорат за цивилно воздухопловство (SHGM) соопшти дека аеродромот „Истанбул“ е рангиран на 14. место во светот по бројот на патници во декември и втор аеродром во светот во однос на порастот на патниците од 8,4 проценти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство (SHGM) на Твитер, базирано на податоците од декември на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), се истакнува:
„Аеродромот „Истанбул“ е рангиран на 14. место во светот по бројот на патници во декември, а втор аеродром во светот што постигна најголем развој во однос на зголемувањето на бројот на патници. Бројот на патниците се зголеми за 8,4 проценти. Меѓу европските аеродроми, аеродромот во Лондон бројот на патниците го зголеми за 0,5 проценти, аеродромот во Париз за 4,2 проценти, аеродромот во Франкфурт за 1 процент, додека аеродромот во Амстердам за 0,3 проценти. Во споредба со најголемите пет европски аеродроми, истанбулскиот аеродромот најмногу го зголеми бројот на патниците.“
„На ранг-листата на зголемување на своите патници во светот, авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ се наоѓа на 4. место.“
Во соопштението засновано врз податоците на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) за декември, се наведува дека авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е рангирана на 14. место меѓу авиокомпаниите кои превезуваат најмногу патници во светот.
Во соопштението, во кое е забележано зголемувањето на бројот на патниците во „Туркиш ерлајнс“, се нагласува:
„Во однос на зголемувањето на бројот на патници, „Туркиш ерлајнс“ е 4. авиокомпанија во светот која најмногу го зголеми бројот на патниците со раст од 7,1 процент (Катар 17,7 проценти, Сингапур 8,7 отсто, Кина 7,9 отсто). Од европските авиокомпании, „Луфтханса“ (Lufthansa), бројот на патниците го зголеми за 2,8 проценти, францускиот „Ер Франс-КЛМ“ (Air France-KLM) за 1,6 проценти, „Рејнер“ (Raynair) за 5 проценти, „Бритиш ервејс“ (British Airways) за 4,8 проценти, „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) за 7,1 процент. Според ова „Туркиш ерлајнс“ е авиокомпанијата која најмногу го зголеми бројот на своите патници во Европа со пораст од 7,1 процент.“