Aliia Raimbekova
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
НУРСУЛТАН
Во Казахстанската област Кизилорда се преврте автобус при што загинаа 8 лица, а 28 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Комитетот за итни ситуации објави дека во 5:25 часот по локално време, на 85 километри од градот Кизиорда, возачот на патнички автобус ја загубил контролата над возилото поради замрзнатиот коловоз, по што дошло до превртување на автобусот во кој се наоѓале 36 патници.
Во соопштението се истакнува дека бројот на загинати изнесува 8 лица, а повредени се 28.
Претседателот на Комитетот за административни полициски активности при Министерството за внатрешни работи на Казахстан, Јанат Абдрахманов, во изјавата дадена за новинарите во врска со несреќата информира дека во автобусот немало странски државјани, додавајќи дека сите патници биле државјани на Казахстан, вработени во нафтена компанија, кои оделе на работа.
Абдрахманов соопшти дека во тек е истрага во врска со несреќата.