Ekip
30 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
ВИЕНА (АА) - Австриската полиција објави дека уапсила 50 лица и запленила кокаин, хероин, марихуана и амфетамини благодарение на сознанијата до кои дошле во тригодишната истрага за разбивање на мрежата за криумчарење дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата на Виена истакнаа дека меѓу затворените лица има десет осомничени курири, кои дрогата во градот ја превезувале од Холандија, Нигерија и од Камерун, како и тројца организатори испорачани на австриските власти од Холандија. Меѓу уапсените се и две лица кои признале грабеж на банка во Австрија.
Полицијата вели дека запленила 17 килограми кокаин и четири килограми хероин, како и марихуана и амфетамин во вредност од околу 100.000 евра.
Се додава дека полицијата пронашла докази за тоа дека се прокриумчарени 56 килограми кокаин и хероин, чија вредност на улиците е најмалку шест милијарди евра.