Bekim Laci
07 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Австрија ќе ги зголеми напорите за заедно со земјите од „балканската рута на мигрантите“ да ги отстрани недостатоците во граничните контроли, изјави австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Доскозил, за германскиот весник „Дие велт“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во својата изјава, австрискиот министер Доскозил вели дека неодамнешните напори на Австрија биле бидејќи рутата „сѐ уште не е затворена како што треба да биде“.
„Балканската рута“ беше затворена во март минатата година, но австрискиот министер за одбрана за германскиот весник изјави дека сѐ уште се одвиваат криминалните активности на трговците со луѓе.
Според Доскозил, за една недела „балканската рута“ ја поминуваат меѓу 500 и 1.000 мигранти, и тој додава дека ситуацијата може да се влоши во секој момент. Доскозил го истакнува предупредувањето на Турција за укинување на договорот со Европската Унија за спречување на мигрантите.
Во својата изјава за германскиот весник, Доскозил рече дека Австрија бара соработка со земјите од регионот за нова офанзива за безбедноста на Балканот.