Sayed Khodaberdi Sadat
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Во воздушен напад извршен во подрачјето Ачин, во авганистанската покраина Нангархар убиени се 15 припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаула Хогјани, изјави дека беспилотните летала на силите на НАТО ги бомбардирале позициите на ДЕАШ во Ачин.
Хогјани изјави дека во нападот се уништени две складишта со оружје на ДЕАШ.