Enes Kaplan,İlkay Güder
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
КАРТУМ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој престојува во официјална посета на Судан, заедно со претседателот на Судан, Омар Ал Башир, објавија заедничка декларација, пренесува Anadolu Agency (AA).
По средбата, заедничката декларација објавија турскиот претседател Ердоган и неговиот судански колега Омар Ал Башир. Во декларацијата се наведува формирањето и значењето на Советот за висока стратешка соработка.
„Направен е конкретен чекор со основање на Советот за висока стратешка соработка. Функциите копретседатели на Советот ќе бидат водени од страна на двајцата претседатели. Целта на советот ќе биде определување на стратегиите на односите кои ќе се водат во областа на соработката. Во рамките на Советот е формирана Заедничка група за стратешко планирање која ќе биде предводена од страна на министрите за надворешни работи на двете земји, со цел поголем развој на соработката и односите меѓу двете земји“.
Во декларацијата се нагласува дека Ердоган во посета на Судан допатувал на покана од Ал Башир, и се истакнува дека посетата е реализирана во рамките на продлабочувањето на братските односи на земјите, базирани на постоечките, историските, културните и социјалните врски меѓу двете држави, како и поради зајакнувањето на трговските партнерства.
Според оваа декларација, посетата, која претставува прва посета на еден турски претседател по независноста на Судан, е од големо значење за унапредување на односите меѓу двете земји.
„Претседателите на Турција и на Судан ја потврдија одлучноста за поголем развој и продлабочување на односите меѓу Турција и Судан врз основа на взаемната желба за зајакнување на тие односи“, се вели во заедничката декларација, во која се истакнува дека двајцата лидери внимателно разговарале и ги разгледале сите страни на билатералните односи.
Исто така се нагласува дека Ердоган и Ал Бешир одлучиле да формираат стратешко партнерство меѓу двете земји.
„Направен е конкретен чекор со основање на Советот за висока стратешка соработка. Функциите копретседатели на Советот ќе бидат водени од страна на двајцата претседатели. Целта на советот ќе биде определување на стратегиите на односите кои ќе се водат во рамките на соработката. Во склоп на Советот е формирана Заедничка група за стратешко планирање која ќе биде предводена од страна на министрите за надворешни работи на двете земји со цел поголемо развивање на соработката и односите меѓу двете земји“, се наведува во декларацијата.
Во заедничката декларација на двајцата лидери се додава дека се потпишани неколку договори со цел зајакнување на постоечките партнерства во областите како што се наука, технологија и индустрија, земјоделско производство, шумарство, образование, туризмот, животната средина, на полето на радио и телевизија, рударство, трговија, економија како и во областа на мали и средни претпријатија.
Меѓу другото, се става акцент на економскиот форум организиран по повод оваа посета, на којшто покрај компаниите и бизнисмените од Судан, присуствувале и над 150 турски компании, каде свое обраќање имаа и двајцата претседатели. Се вели дека програмата на посетата вклучува охрабување на економското партнерство и потсетување на османлиското историско наследство.
„Универзитетот во Картум го почести турскиот претседател, Еродган со титулата почесен доктор поради неговите конструктивни напори во насока на лидерството во моделот на развој, како и поради неговата економска помош од регионален и меѓународен аспект“, се наведува во заедничката декларација на претседателите на Турција и Судан, Реџеп Таип Ердоган и Омар Ал Бешир.