Mohammad Fahim Abed
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
КАБУЛ (АА) - Во судирот помеѓу припадниците на безбедносните сили и припадниците на терористичката организација ДАЕШ и воздушните напади во Нангархар, во источниот дел на Авганистан, загинаа 28 а повредени се десет милитанти и двајца цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во сопштението на портпаролот на Канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаула Хогјанај, во местото Ахметело, дошло до судир помеѓу припадниците на оружените сили на Авганистан со милитантите, притоа загинале 12 милитанти, додека десет милитанти и двајца цивили се ранети.
Хогјанај додаде дека до судирот дошло по нападот на милитантите врз припадниците на безбедносните сили.
По судирот, припадниците на безбедносните сили започнаа антитерористичка акција насочена против терористичката организација ДАЕШ.
Од друга страна, во областа Ачин, во воздушни напади на припадниците на авганистанските безбедносни сили загинаа 16 милитанти. Хоганај наведе дека овие напади се изведени доцна синоќа.