свет

Абдел Фатах ал Бурхан положи заклетва за челник на Суверениот совет на Судан

Ал Бурхан 21 месец ќе го води 11-члениот Совет во рамките на договорот за поделба на моќта меѓу Транзицискиот воен совет (TMC) и опозициската коалиција Сили за слобода и промена (FFC)

Ekipa  | 21.08.2019 - Обновена : 22.08.2019
Абдел Фатах ал Бурхан положи заклетва за челник на Суверениот совет на Судан Фото: Претседателство на Судан

КАРТУМ (АА) - Генерал-полковникот Абдел Фатах ал Бурхан денес положи заклетва за челник на Суверениот совет на Судан, што ќе ја води земјата во текот на 3-годишниот преоден рок, јавува Anadolu Agency (AA).

Ал Бурхан 21 месец ќе го води 11-члениот Совет во рамките на договорот за поделба на моќта меѓу Транзицискиот воен совет (TMC) и опозициската коалиција Сили за слобода и промена (FFC).

Тој потоа ќе биде заменет со цивилен претставник, кој ќе го води Советот во период од 18 месеци, што ќе биде проследен со избори.

Суверениот совет е составен од пет воени лица, номинирани од Транзицискиот воен совет (TMC), пет цивили од опозициската коалиција Сили за слобода и промена (FFC), и еден цивилен кандидат за кој треба да се договорат двете страни.

Роден во Северен Судан, во државата Река Нил, Ал Бурхан беше поранешен командант на Копнените сили. Тој беше назначен од поранешниот претседател, Омар ал Башир, за инспектор на Националната армија неколку месеци пред соборувањето на Ал Башир.

Од страна на бунтовничките групи беше обвинет за извршување злосторства во покраината Дарфур во Западен Судан, бидејќи беше командант на воените сили во државата Централен Дарфур и беше еден од одговорните за формирање на озлогласената милиција „Џанџавид“ по избивање на конфликтот во 2003 година.

Ал Башир беше отстранет од власта од Армијата во април, по неколку месеци од протестите против неговото 30-годишно владеење.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın