Ömür Melih Üzelce
14 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
РAМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас, усвојувањето на нацрт-резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) за заштита на палестинските цивили го нарече „победа на меѓународното право“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Усвојувањето на нацрт-резолуцијата ја претставува победата на правдата и меѓународното право“, изјави Абас за новинарите.
“Тој им се заблагодари на сите земји што гласаа за усвојување на горенаведената нацрт-резолуција. Потсетуваме, во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во средата беше усвоена нацрт-резолуција за заштита на народот на Палестина.
На вонредниот состанок се разговараше за нацрт-резолуцијата за заштита на Палестинците, која претходно во Советот за безбедност на ОН ја блокираа Соединетите Американски Држави (САД).
Резолуцијата е усвоена со 120 гласови за. Против беа осум земји, а 45 земји беа воздржани.
Во нацрт-резолуцијата, меѓу другото, од генералниот секретар на ОН се бара во рок од 60 дена да ги направи потребните чекори за заштита на цивилите во окупираната палестинска територија, да обезбеди безбедност и просперитет и да се направи извештај во врска со механизмите за заштита на цивилите.