Ekip
12 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Движењето за човекови права и правда (IHAK) преку писмено соопштение бара итно ослободување на Фавзи ал-Џуениди, 16. годишно палестинско момче кое израелските војници брутално го влечеа и го однесоа во воена станица за време на неодамнешните протести против одлуката на американската администрација да го признае Кудс како главен град на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмената реакција на Движењето за човекови права и правда (iHAK) од Турција, се наведува дека последните денови се одбележани со зголемена употреба на сила од страна на израелските сили против Палестинците во палестинскиот град Кудс и во другите градови.
„На 7 декември 2017 година, група целосно вооружени израелски воени единици во градот Ал-Халил го нападнаа Февзи ал-Џунеиди, 16-годишно момче кое минувало крај улицата, и почнале да го тепаат. Февзи ал-Џунeиди, дете кое беше сурово удирано од голем број израелски војници, континуирано беше тепан на земја и газен, по што со заврзани очи првин беше однесен во воена станица а потоа во затворот Офер во Израел", се вели во писмената реакција на Движењето за човекови права и правда.
Новинските агенции ja фотографираа овaa монструозност и ги споделија фотографиите со меѓународната јавност.
Од Движењето за човекови права и правда посочуваат дека младиот Февзи ал-Џунеиди има само 16 години, и е најстарто дете во семејството од седум деца.
„Неговата мајка e пациентка со канцер, без надеж за лекување a неговиот татко e болен човек врзан за креветот, поради што Фавзи се обидува да се грижи за своето семејство така што работи физичка работа за сметка на неговото образование", се истакнува во писмената реакција.
Исто така, во реакцијата на IHAK се наведува дека Израел систематски ги апси и приведува палестинските деца во Кудс и на Западниот Брег. Според бројките кои што ги објавија во 2015 година беа уапсени вкупно 2.634 палестински деца, од кои 22 се девојчиња. Во 2016 година, вкупно 887 палестински деца се уапсени, од кои 32 девојчиња. Во 2017 година досега уапсени се 700 палестински деца.
„Уапсените палестински деца се судат во воените судови во Израел. Палестинските деца уапсени или приведени од страна на Израел се подложени на разни облици на тортура и суров третман, како што се врзување на очите и физичко насилство во форма на ставање лисици, тепање, прегладнување и навреди, заканувајќи им се дека нивните мајки ќе бидат повредени. Понатаму се малтретирани да потпишат документи на хебрејски, а неизоставен е и психолошкиот притисок", се објаснува во реакцијата во која се апелира до меѓународната заедница, меѓународните организации и сите државни и граѓански организации коишто работат во делот на зашитата на човекови права да ја поддржат иницијативата на IHAK за итно ослободување на младото палестинско момче Фаврзи ал-Џунеиди.
„Движењето за човекови права и правда ги повикува сите земји кои се дел од Конвенцијата на Обединетите нации за заштита на правата на децата, како и сите меѓународни организации и сите државни и граѓански организации за заштита на човековите права, организации за правата на децата и сите кои имаат совест да ја поддржи нашата цел да издејствуваме ослободување на Фазви ал-Џунеиди и на секое друго палестинско дете, уапсено од страна на Израел."