Ahmet Furkan Mercan
19 Декември 2022•Ажурирај: 22 Декември 2022
ТОКИО (АА) - Истражување реализирано во Јапонија покажа дека околу 65 отсто од населението во земјата се против владината политика во врска со зголемување на даноците за финансирање на одбранбените трошоци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонската државна новинска агенција „Кјодо“ спроведе истражување во врска со реакциите во јавноста за програмата на Владата на премиерот Фумио Кишида во врска со зголемувањето на даноците со цел финансирање на одбранбените трошоци.
Во истражувањето се вклучени над 2.700 лица, додека 64,9 отсто од учесниците во истражувањето истакнаа дека се против владината политика за зголемување на даноците за финансирање на одбранбените трошоци.
Учесниците во истражувањето, исто така, биле прашани за „капацитетите на Јапонија за контранапади кој ќе овозможи погодување на непријателските бази при итни состојби“ кои беа соопштени минатата недела од страна на Владата во рамки на новата безбедноста стратегија. 50,3 отсто од учесниците нагласиле дека ја прифаќаат оваа стратегија.
Меѓу другото, јавната поддршка на Владата на Фумио Кишида остана на 33,1 отсто. Оваа стапка е најмала регистрирана јавна поддршка откако Кишида дојде на премиерска функција во октомври 2021 година.