Dildar Baykan Atalay
29 Август 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
ВАШИНГТОН (АА) – Истражување спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) покажа дека 59 отсто од републиканските гласачи сакаат поранешниот претседател Доналд Трамп да биде нивен кандидат на претседателските избори во 2024 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничката анкета спроведена од „Јуесеј тудеј“ и „Ајпсос“, 59 отсто од републиканските гласачи истакнале дека би сакале да го видат Трамп како кандидат на нивната партија во 2024 година, а 41 отсто изјавиле дека повеќе би сакале да има друг кандидат наместо Трамп.
Според анкетата, 82 отсто од републиканските гласачи сметаат дека Трамп би можел да победи на претседателските избори во 2024 година доколку се кандидира.
Од друга страна, само 44 отсто од демократските гласачи кои учествувале во истражувањето се изјасниле дека сакаат актуелниот претседател Џо Бајден да биде нивен кандидат во 2024 година, а 56 отсто истакнале дека партијата треба да ја преставува друг кандидат.