Nuri Aydın
17 Мај 2021•Ажурирај: 19 Мај 2021
КАНБЕРА (АА) - Најстариот човек во Австралија, 111-годишниот Декстер Кругер, вели дека „живее долго затоа што јадел пилешки мозок“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грег, 74-годишниот син на Кругер, наведе дека за долговечноста на неговиот татко исто така клучен е животот што го живеел далеку од градот.
Пензионираниот земјоделец Кругер изјави дека живеел долг живот благодарение на редовното јадење „пилешки мозоци“.
Мелани Калверт, менаџерка на домот за стари лица, посочи дека Кругер овие денови ја пишува својата автобиографија и дека неговата меморија е сè уште во многу добра состојба.
Калверт, споредувајќи го Кругер со останатите жители во домот за стари лица, рече: „За 111-годишник, тој има неверојатна меморија.“
Најстарото лице во Австралија, Кристина Кук, почина во 2002 година на 114-годишна возраст.