Alperen Aktaş
23 Декември 2024•Ажурирај: 25 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Мал авион се урна во јужниот бразилски град Грамадо, при што загинаа 10 членови од исто семејство, а 17 лица се повредени на копно, соопштија официјални лица, пренесува Анадолу.
Единицата за цивилна одбрана на Бразил на социјалната мрежа Х соопшти дека авионот, во сопственост на бизнисменот Луис Клаудио Галеаци, удрил во оџак на зграда веднаш по полетувањето од причини што допрва треба да се утврдат, предизвикувајќи експлозија.
Во несреќата загинаа сите 10 лица во авионот, вклучувајќи го и Галеаци, кој управувал со авионот, неговата сопруга, ќерките и другите членови на семејството.
Меѓу 17-те повредени на копно, двајца се во критична состојба.
Трагичната несреќа привлече големо внимание на социјалните мрежи, а корисниците споделија снимки од несреќата и слики од остатоците од авионот.