Muhammed Bilal Kenasari
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот заменик-претседател Џо Бајден, во периодот од 22 до 25 август ќе ја посети Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Белата куќа, Бајден во наведениот временски период ќе престојува во Латвија, Турција и Шведска.
Бајден при посетата на Турција ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот, Бинали Јилдирим, со кои ќе разговара околу билатералните односи меѓу Турција и САД.
Светските медиумите наведуваат дека Бајден треба да престојува во Турција на 24 август.