Mahmoud Barakat
11 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
САНА (АА) - Јеменската новинска агенција САБА поврзана со Хусите објави дека јеменската шиитска полиција зазела села во југозападната саудиска покраина Џизан, пренесува Anadolu Agency (AA).
САБА цитираше воен извор кој вели дека шиитската полиција на Хусите ги зазела под контрола селата Ал-Карс и Ал Дафинија заедно со други села, источно од нив.
Истиот извор вели дека шиитската полиција го заробила мостот кој ги спојува областите Џизан Каим Зубејд и Ал Ибадија и патниот правец во близина на областа Ал Куба.
Според именуваниот извор, бројката на загинати и повредени саудиски војници во операцијата на Хусите била голема, во која исто така биле уништени и оклопни возила и два борбени тенкови.
Новинската агенција објави дека хеликоптерите на саудиската армија како одговор на тоа ја бомбардирале областа Ал Куба.
Тврдењата, сепак, не можат да бидат потврдени од независни извори, додека саудиските власти не ги коментираат овие тврдењата.
Според неофицијални саудиски профили на социјалните мрежи, во меѓувреме, саудиските сили успеале да го одбијат нападот на Хусите во Ал Куба.
Вчера саудиските власти соопштија дека најмалку 14 лица биле повредени во југозападната саудиска покраина Дахран ал Џануб од страна на проектили истрелани од Јемен.
Од март минатата година, Саудиска Арабија предводи воздушна кампања на (сунитско-арапска) коалиција против Хусите и нивните сојузници, со цел поддршка на јеменската влада поддржана од Саудиска Арабија.