Aida Cako
29 Јули 2025•Ажурирај: 30 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Густи облаци чад се издигнаа од шумскиот пожар во кањонот Монроу во Јута, САД, а пламените јазици и натаму се шират низ областа, предизвикувајќи загриженост кај локалните власти и жителите, јавува Анадолу.
Локалните медиуми објавија дека пожарот речиси двојно се зголемил во текот на викендот, проширувајќи се од околу 11.000 хектари во петокот на приближно 21.000 хектари до недела. Засега само 13% од пожарот е под контрола.
Противпожарните екипи распоредија авиони за фрлање средства со кои се попречува распламтување на пожарот, а беспилотни летала опремени со инфрацрвени камери се користат ноќе за откривање и следење на местата на пожари.