Atila Altuntaş
15 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската премиерка Магдалена Андерсон ја истакна важноста од дијалогот и тековните преговори со Туркије (Турција) сред барањата за приклучување на Шведска и Финска во НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Андерсон се сретна со финската премиерка Сана Марин и норвешкиот премиер Јонас Гар Стор во шведскиот град Седертелје да разговараат за регионалните прашања, вклучително и за барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО.
„Ние дејствуваме заедно со Финска. Очекуваме дијалогот со Туркије да продолжи додека проблемот не се реши“, рече Андерсон, зборувајќи на заедничка прес-конференција по трилатералната средба.
Марин рече дека е многу важно да се постигне решение пред Самитот на НАТО што ќе се одржи на крајот на овој месец во Мадрид.
„Важно е да се движиме напред во овој процес. Ние сериозно ги сфаќаме проблемите на Туркије и продолжуваме да се вклучуваме во дијалогот“, рече таа.
Шведска и Финска формално поднесоа барање да се приклучат во НАТО на 18 мај, одлука поттикната од руската војна во Украина, која започна на 24 февруари.
Но Туркије, долгогодишната членка на Алијансата, изрази приговори за нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги земјите за толерирање, па дури и поддржување на терористичките организации како ПКК и терористичката организација ФЕТО. За нивниот пристап е потребно едногласно одобрение од 30 земји членки на НАТО.
На крајот на мај, Туркије беше домаќин на консултации со шведските и финските делегации за нивните барања за НАТО во главниот град Анкара. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека разговорите не биле „на посакуваното ниво“.