Bedrudin Brljavac
29 Октомври 2022•Ажурирај: 30 Октомври 2022
ДОЊЕЦК (АА) – Репортерската екипа на Агенција Анадолија (АА) ги сними украинските артилериски сили стационирани во близина на градот Бакхмут во областа Доњецк, каде што интензивно продолжува војната против Русија.
Артилериските единици дежураат 24 часа и ѝ помагаат на украинската Армија, особено околу Бакхмут, каде се забележани најжестоките судири, како и на линијата на фронтот во Доњецк.
Истакнувајќи дека артилерискиот оган е најважната воена сила, капетанот Владислав напоменува дека најважно е да се продолжи со борбата.
„Ние спроведуваме силен оган со цел да го потиснеме непријателот. Секој ден сме на терен и жестоко стреламе кон непријателските цели“, рече тој и додаде:
„Користиме повеќецевни ракетни фрлачи, разни хаубици и други артилериски системи. Дежураме многу интензивно, секој ден, 24 часа, при сите временски услови.“
Русија на 24 февруари започна војна во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.
Во последните недели, украинските сили тргнаа во контраофанзива, додека Русија повика повеќе резервисти и анектира четири украински региони, вклучувајќи го и Доњецк.
Руските сили започнаа нова серија воздушни напади врз Киев и други украински градови во последните три недели, по експлозиите на Керченскиот мост што го поврзува полуостровот Крим со Русија.