Murat Paksoy
01 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, денес во Истанбул изјави дека неговата земја се залага за меѓународна истрага во случајот со убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се залагаме за започнување меѓуродна истрага и го повикуваме целиот свет да нè поддржи во тоа. Потребно е да започне меѓународна истрага чии резултати ќе ги почитуваат сите“, изјави Челик.
Саудискиот новинар Џамал Кашоги, колумнист во американскиот весник „Вашингтон пост“, беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Властите на Саудиска Арабија дополнително признаа дека Кашоги е убиен и дека не го напуштил Конзулатот, како што првобитно тврде.
Турското Обвинителство откри дека тој бил брутално задавен по влегувањето во Конзулатот и дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.
Властите во Саудиска Арабија подигнаа обвинение против 11 осомничени лица за ова убиство, а тамошното Обвинителство бара изрекување смртни казни за петмина првообвинети.
Иако е откриено кога, каде и како е убиен Кашоги, сè уште не е познато каде се наоѓаат неговите останки.