свет

Турција го поздрави мировниот договор меѓу Камбоџа и Тајланд

— Во соопштението турското Министерство за надворешни работи истакна дека „ја поздравува заедничката декларација потпишана меѓу Камбоџа и Тајланд“ и верува дека мировниот договор од Куала Лумпур „ќе придонесе за регионалниот мир и стабилност“.

Sercan İrkin  | 28.10.2025 - Обновена : 31.10.2025
 Турција го поздрави мировниот договор меѓу Камбоџа и Тајланд

ИСТАНБУЛ (АА) — Турското Министерство за надворешни работи денес го поздрави мировниот договор потпишан меѓу Камбоџа и Тајланд, велејќи дека Анкара верува оти договорот ќе придонесе за регионалната стабилност во Југоисточна Азија.

Во соопштението Министерството истакна дека „ја поздравува заедничката декларација потпишана меѓу Камбоџа и Тајланд“ и верува дека мировниот договор од Куала Лумпур „ќе придонесе за регионалниот мир и стабилност“.

Договорот, потпишан во Куала Лумпур во неделата, беше надгледуван од американскиот претседател Доналд Трамп, а беше потпишан од лидерите на Тајланд, Камбоџа и Малезија. Договорот става крај на смртоносниот граничен спор меѓу Камбоџа и Тајланд, кој прерасна во судири во јули.

Турското Министерство за надворешни работи, исто така, изрази благодарност за напорите на малезискиот премиер Анвар Ибрахим и претседателот Трамп во олеснувањето на потпишувањето на договорот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.