Ekipa
09 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
СИЕТЛ (АА) - „Старбакс“ ќе забрани пластични сламки во сите свои продавници во светот за помалку од две години, поради заканата по животната средина и океаните во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Старбакс“ е најголема компанија за производство на храна и пијалаци која работи на глобално ниво.
Од „Старбакс“ денес ја соопштија одлуката за укинување на употребата на сламки во 8.000 продавници во Соединетите Американски Држави (САД) и Канада за одредени напитоци.
Компанијата „Starbucks Coffee Co.“ проценува дека со елиминирање на сламките од 8.000 продавници ќе заштеди повеќе од милијарда пластични сламки годишно.
Одлуката на компанијата е соопштена по една недела откако во градот Сиетл беше забранета употребата на пластични сламки и садови за еднократна употреба на компаниите што продаваат храна или пијалак во тој град.
Од „Старбакс“ велат дека ладните пијалаци во кои обично е вклучена сламка, изнесуваат 50 отсто од пијалаците што се продаваат во нивните продавници, а овој број изнесувал само 37 отсто пред пет години.