Dildar Baykan
28 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
ЊУЈОРК (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу на новинарите во Њујорк им рече дека договорот за Идлиб, кој во Сочи неодамна го постигнаа претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин е голем успех, јавува Anadolu Agency (AA).
„Договорот за Идлиб е успех на претседателот Ердоган и Путин. Иран пружи поддршка на договорот", рече Чавушоглу во обраќањето на маргините на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Турција и Русија на 17 септември постигнаа договор во провинцијата Идлиб на северозападот на Сирија да биде воспоставена демилитаризирана зона.
Чавушоглу на новинарите им рече и дека Турција презема големи напори за да во соработка со другите земји пружи финансиска поддршка на Палестинците.
„САД ја прекинаа помошта на ОН на оваа агенција за помош на Палестинците. Работиме со другите земји за да се затвори таа празнина", рече Чавушоглу.
Официјален Вашингтон на почетокот на септември ја укина финансиската помош на Агенцијата на Обединетите народи за помош на палестинските бегалци (UNRWA). САД до сега беше најголем донатор на UNRWA со околу 350 милони долари годишно, што е околу четвртина од буџетот на таа агенција.
Турскиот шеф на дипломатијата во Њујорк рече дека посетата на турскиот претседател Ердоган на Германија ќе биде "пресврт за отворање на нова страница" во билатералните односи.
Претседателот на Турција допатува денеска во официјална посета на Германија. Во текот на тридневната посета Ердоган ќе се состане со германскиот колега Штеинмаер, канцеларката Ангела Меркел и официјално ќе ја отвори Централната џамија во Келн.