свет

„САД го ископаа гробот на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел“

„Соединетите Американски Држави нанесоа тежок удар на механизмот за контрола на оружјето, кој постои со години“

Dmitri Chirciu  | 05.08.2019 - Обновена : 06.08.2019
„САД го ископаа гробот на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел“

МОСКВА (АА) - Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, истакнува дека Соединетите Американски Држави (САД) го ископале гробот на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF), пренесува Anadolu Agency (AA).

„Соединетите Американски Држави нанесоа тежок удар на механизмот за контрола на оружјето, кој постои со години“, нагласи Рјабков.

Тој на прес-конференцијата во Москва, даде изјава во врска со Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF).

Истакнувајќи дека активностите на САД имаат негативно влијание врз меѓународната безбедносна структура, Рјбаков рече: „Секако, ќе ги преземеме потребните мерки за да ја осигураме нашата безбедност од заканите за кои придонесуваат Соединетите Американски Држави“.

Рјабков истакна дека САД не ги исполниле своите обврски од договорот.

„Соединетите Американски Држави го ископаа гробот на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел. САД нанесоа тежок удар на механизмот за контрола на оружјето, кој постои со години“, рече Рјабков.

Тој, нагласувајќи дека САД треба да престанат да поставуваат проектили во Европа, забранети според договорот, истакна: „Русија ќе мора да го прошири својот потенцијал доколку нема ограничување за поставување ракети со среден и краток дострел“.

Рјабков рече дека во однос на контролата на нуклеарното оружје треба да се земе предвид и потенцијалот на Франција и Велика Британија.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи се осврна на американските санкции кон иранскиот министер за надворешни работи, Џевад Зариф.

„Русија ги осудува санкциите на САД кон Зариф. Ова е елемент на репресија што не треба да го има во меѓународните односи.“

Рускиот претседател, Владимир Путин, претходно го потпиша предлог-законот за повлекување на Русија од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел.

Американскиот Стејт департмент минатата недела соопшти дека САД официјално се повлечени од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF).

Американската администрација пред 6 месеци објави дека ќе се повлече од договорот со образложение дека Русија повеќепати го нарушила договорот потпишан на 8 декември 1987 година.

Договорот беше потпишан помеѓу САД и Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) во 1987 година. Договорот им забранува на обете земји да поседуваат и тестираат проектили за лансирање од копно со дострел помеѓу 500 до 5.500 километри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın