АНКАРА (АА) - ЕЛЕНА ТЕСЛОВА -
Замир Кабулов, специјалниот претставник за Авганистан на рускиот претседатеп, Владимир Путин, истакна дека Русија и САД работат на подготвување листа за отстранување на пречката за патување на преговарачите на Талибанците, и рече дека доколку сакаат навистина да го зајакнат авганистанското помирување, време е да се направи тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Кабулов во разговор за АА говореше за последните случувања во мировниот процес во Авганистан.
Кабулов рече дека средбата со специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмеј Халилзад, со кого се состана на 22 февруари во Анкара, била околу помирувањето во Авганистан.
„Ние се согласуваме дека ниту Русија, ниту Америка, на Авганистан нема да му ги наметнат своите решенија“, рече Кабулов.
Кабулов информираше дека на оваа средба било разговарано за ослободувањето за патување за преговарачите на Талибанците, но според него, поради тоа што со Халилзад немаат овластување во врска со ова прашање, тие се принудени да разговараат со сите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) кои спроведуваат санкции и имаат овластување за да донесат одлука во врска со санкциите.
„Со нашите колеги од САД работиме на оваа тема. Прашањето чиј одговор се очекува со нетрпение, е дека доколку навистина сакаме да го зајакнеме авганистанското помирување, време е да го направиме тоа“, додаде Кабулов.
Кабулов рече дека сè уште не е подготвена листата на претставниците во насока на укинување на санкциите. „Нашите колеги во Њујорк ќе работат околу оваа листа“, нагласи тој, осврнувајќи се на другите барања на Талибанците, за кои рече дека не се на дневниот ред со претставникот на САД.
Исто така, Кабулов се осврна и на придонесот на интеракцијата меѓу Турција и Русија во овој процес во Авганистан, и рече:
„Русија и Турција можат заедно да придонесат во воспоставување дијалог меѓу Талибанците и другите Авганци. Многу е важно сите авгански страни да ја чувствуваат оваа поддршка. Турција не е членка на Московскиот формат, но сигурен сум дека мнозинството на членките ќе ја поздрават активната улога на Турција во процесот на развивање регионален пристап до авганското прашање“.
- „Важно е да не се одложат изборите во Авганистан“
Кабулов, во врска со влијанието на изборите во Авганистан врз мировниот процес, нагласи дека е потребен договор меѓу Владата и Талибанците, со цел да се постигне помирување во земјата.
Тој истакна дека Талибанците не ја признаваат постоечката Влада, и додаде: „Во овој случај, потребно е да се избере Владата со која ќе се состанат Талибанците. Доколку навистина го сакаме авганистанското помирување, исклучително е важно да се одложат изборите и да се одржат на определен период“.
Кабулов вели дека Талибанците не ја признаваат постоечката Влада поради тоа што ја сметаат за „марионетска влада определена од страна на Американците“. „Но, доколку се формира една нова екипа како резултат на средбите меѓу Авганците што започнаа во Москва, таа може да ги вклучи и претставниците на постоечката Влада. Тогаш сè ќе се среди“, рече Кабулов.
Запрашан кои се главните пречки пред решението во Авганистан, Кабулов одговори:
„Пред сè, треба да се согласиме околу повлекувањето на странските трупи. Потоа, треба да продолжиме со легално формирање на новото авганско лидерство кое ќе се вклучи во реконструкцијата на земјата во потполна смисла. По повлекувањето на странските трупи, не треба да се случи војна, поради што се очекува да се постигне национално усогласување меѓу Талибанците и сите други Авганци“.
Кабулов на 22 февруари во Анкара се сретна со специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмеј Халилзад, а ден пред тоа беше пречекан на средба од страна на Ибрахим Калин, портпаролот на турското Претседателство, на која беше разговарано за последните случувања во Авганистан, улогата на Турција во мировниот процес во Авганистан и нејзиниот придонес во повторно обезбедување на стабилноста во земјата.
- Процесот на мировните преговори во Авганистан
Организацијата на Талибанците кои претставуваат голема закана за Владата под водство на претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, сè уште владеат во бројни региони во земјата.
Некои региони на оваа земја се под контрола на Талибанците, а земјата се соочува со сериозен безбедносен проблем.
Иако во изминатите години Владата вложи напори за започнување на мировните преговори со Талибанците и беше формиран Мировен совет во овие рамки, сè уште не е постигнато некое решение.
Во јуни 2013 година во катарскиот главен град, Доха, беше планирано да се одржат средби меѓу Талибанците и авганистанската администрација во периодот на поранешниот претседател на оваа држава, Хамид Карзаи, но откако Талибанците во оваа канцеларија ја поставија таблата на „Авганистански исламски емират“ и неговото таканаречено знаме, авганистанската Влада се откажа од преговорите.
Оваа канцеларија беше затворена по еден месец и беа одложени мировните преговори.
news_share_descriptionsubscription_contact
