Abdel Razek Abdallah,Hacer Başer
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
АЛЖИР (АА) - Поранешниот специјален претставник за Сирија на ОН Ел-Ахдар ел-Ибрахими рече дека дека кризата во Сирија нема да се реши со воени сретства и дека е потребно да се изнајде политичко решение, јавува Anadolu Agency (AA).
Ибхрахими во врска со ситуацијата во Сирија за АА изјави: „Кризата нема да се реши воено. Потребно е да се изнајде политичко решение кое што ќе го задоволи сирискиот народ и кое ќе изгради една нова Сирија. Несомнено ова решение бара и промени“.
Ибрахими рече нема бегање од промените и дека не е можно да се спротиставуват и да се игнорират промените. Тој истакна дека сиријците сите заедно треба да седнат и да изнајдат решение за кризата.
Ибрахими ги повика сиријците вклучувајќи го и Асад да соработуват за да ги остварат промените и истакна дека странските земји кои интервенират со образложението дека им помагаат на сиријците, всушност не се го прават тоа во интерес на народот на Сирија и дека уште повеќе ја продлабочуваат кризата.