Bahtiyar Abdukerimov
19 Мај 2018•Ажурирај: 20 Мај 2018
ТАШКЕНТ (АА) - Обилните дождови, кои паднаа во текот на изминатите денови, предизвикаа поплави во јужната узбекистанска покраина Сурксондарјо, поради што од регионот беа евакуирани повеќе од 750 жители, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за вонредни ситуации на Узбекистан се наведува дека поплавите ги погодија селата Елабад, Азларсеј и Богор, недалеку од градот Кумкурган. Од овие подрачја беа евакуирани повеќе од 750 жители.
Поплавите оштетија бројни куќи и станбени објекти, а спасувачките тимови продолжуваат да работат на терен.
Претходно, во поплавите што ги погодија регионите Квашквадарјо и Семерканд, загинаа осум лица.