Şerife Çetin
12 Декември 2019•Ажурирај: 14 Декември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакна дека ниту една земја не може да го надополни местото на Турција во борбата против ДЕАШ и дека Турција геостратешки го контролира теснецот кој се протега на два континента, а исто така во нестабилен регион води борба против ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (AA).
Борисов, на прес-конференцијата што се одржа во седиштето во Брисел, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, упати пофалби кон Турција.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија може да го заземе местото на Турција во НАТО, Борисов истакна дека Бугарија не се обидува да го заземе местото на ниту една земја.
- „Ниту една земја не може да го надополни местото на Турција“
„Ниту една земја не може да го надополни местото на Турција во борбата против ДЕАШ. Турција геостратешки го контролира теснецот кој се протега на два континента. Во нестабилен регион води борба против ДЕАШ“, нагласи Борисов.
Истакнувајќи дека Турција е многу важна земја, Борисов рече дека благодарение на Турција, целосно е запрена нелегалната имиграција кон Бугарија.
„Турција останува лојална кон нашиот договор и од Турција во Бугарија нема поминато ниту еден нерегуларен мигрант“, нагласи Борисов.
Потсетувајќи дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, има изјава во врска со набавката на Турција на воена опрема од Русија, Борисов истакна: „Ние не го поддржуваме спроведувањето санкции против Турција.“
Борисов, посочувајќи дека проблемите треба да се решаваат со дијалог и дипломатија, рече: „Не сум во состојба да го советувам американскиот Конгрес, но дипломатијата треба да игра примарна улога.“
- „Турција има клучна улога во борбата против тероризмот“
Како одговор на истото прашање, Столтенберг рече дека сите 29 сојузници на НАТО играат сигурна и важна улога.
„И покрај несогласувањата меѓу земјите членки, Алијансата заеднички и понатаму продолжува да ја осигурува безбедноста“ рече Столтенберг, и додаде:
„Турција има клучна улога во борбата против тероризмот. Турција, која е соседна земја со Ирак и Сирија, игра исклучително важна улога во нашата борба против ДЕАШ. Со тоа што е домаќин на 3,6 милиони бегалци, во исто време е клучна точка во миграциската криза.“