Adham Kako
09 Мај 2019•Ажурирај: 10 Мај 2019
АНКАРА (АА) – АДХАМ КАКО –
Раководителот на сириската граѓанска одбрана „Бели шлемови“, Раид Салих, истакна дека Русија, која ги поддржува нападите на режимот на Башар ал Асад во зоната без судири во Идлиб, не ја гледаат како земја гарант, туку како „соучесник на режимот“.
Салих, во разговор со Anadolu Agency (AA) ги оцени нападите на војниците на режимот на Асад, странските терористички групи и Русија врз зоната без судири во Идлиб.
Тој истакнувајќи дека цивилите во регионот се наоѓаат во најтешка ситуација од почетокот на граѓанската војна, рече: „Режимот и милициите поддржани од Иран и Русија, извршувајќи интензивни напади, спречуваат да ги пренесуваме повредените.“
Подвлекувајќи дека по нападите хуманитарната помош не може да се достави до цивилите, нагласи: „Тимовите на цивилната одбрана и сирискиот народ реагираа на овие напади. Сакаме што е можно побргу да престанат нападите врз населените места, училиштата и болниците, кои принудија десетици илјади цивили да мигрираат.“
- „Поради интензивноста на нападите, спасувачките активности не можеме да ги реализираме“ -
Салих, наведувајќи дека прогласиле вонредна состојба, истакна: „Ние како тимови за цивилна одбрана не можеме секаде да стигнеме да помогнеме. При нападите насочени кон нас имавме големи финансиски загуби. Голем дел од нашата опрема за спасување и пребарување веќе е неупотреблива.“
Во операцијата за потрага и спасување, некои од нивните пријатели ги загубиле своите животи, рече Салих, и додаде: „Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме е тоа што ние сме цел кога одиме на местото на нападот. Се обидуваме да стигнеме до сите области каде што се изведени нападите, но поради нивниот интензитет, секогаш не можеме да помогнеме.“
Раководителот на „Белите шлемови“ рече дека режимот и поддржувачите сакаат да ја освојат областа без да се загрижат за животите на цивилното население.
„Режимот со години ги напаѓаше цивилите со секаков вид оружје. Народот на Сирија, Русија не ја гледа како земја гарант, туку како соучесник на режимот. Руските воени авиони кои ги придржуваа последните напади на режимот, ги погодија болниците и магацините за житни култури. Ние, од една страна сакаме да ги спасиме животите на цивилите, од друга страна пак, ги документираме злосторствата на режимот и поддржувачите. Од Турција, која е втората земја гарант на Договорот од Сочи, сакаме да врши притисок врз Русија за да стави крај на нападите.“
- Состојбата во зоната без судири во Идлиб -
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Нападите се интензивираа за време на 12. состанок помеѓу Турција, Русија и Иран, одржан во Нур Султан, главниот град на Казахстан, на 25-26 април. Последните 13 напади продолжуваат со ист интензитет.
Според изворите на цивилната одбрана од 25 април до денес, 113 цивили ги загубиле своите животи, а 295 цивили се повредени.
Цивилите кои живеат во областите изложени на нападите продолжуваат да мигрираат. Голем број цивили се сместени во камповите во Атме, Дејр Хасан Ках и Кефер Лусин, кои се наоѓаат од спротивната страна на населеното место Рејханли во Хатај, Турција.