свет

„Нема да се повлечеме“ - порака од САД до племињата во Деир ез Зор

Американската армија ги повлекува своите сили од северот на Сирија, но на арапските племиња во Деир ез Зор им дава сигнал дека ќе остане во тој регион

Mohamad Misto  | 17.10.2019 - Обновена : 17.10.2019
„Нема да се повлечеме“ - порака од САД до племињата во Деир ез Зор

ДЕИР ЕЗ ЗОР/ АКЧАКАЛЕ (АА) – МУХАММЕД МИСТО - Американската армија ги повлекува своите сили од северот на Сирија, но на арапските племиња во Деир ез Зор им дава сигнал дека ќе остане во тој регион, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите на АА добиени од племенските извори, во вторникот во провинцијата Деир ез Зор во источна Сирија, американските високи команданти имале состанок со племенските водачи во регионот, таканареченото нафтено поле Омар.

Племенските водачи на состанокот ги прашале САД дали ќе се повлечат од провинцијата Деир ез Зор.

Американските команданти на племенските водачи им одговориле дека одлуката за повлекување на трупите од Сирија не го опфаќа регионот Деир ез Зор.

Американската војска ги повлече своите сили од воените точки во Тел Абјад, Рас ал Ајн и Мунбич поради операцијата „Извор на мирот“.

Во октомври 2017 година Соединетите Американски Држави (САД) го отстранија ДЕАШ од поголемиот дел од Деир ез Зор и таму воспоставија бази и оперативни воени пунктови.

Омар, најголемото нафтено поле во земјата, претставува една од тие точки.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın