Hakan Çopur
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трам на конференцијата за медиуми по состанокот со премиерот на Јапонија Шинзо Абе во Белата куќа изјави дека наредната недела ќе соопшти нови мерки во врска со безбедноста на неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Наредната недела ќе соопштам нови безбедносни мерки во врска со безбедноста на земјата", рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека ќе направи се за безбедноста на САД.
Исто така, тој истакна дека неговата администрација ќе ги направи потребните напори да се активира планот според кој се забранува влез во САД на државјаните на седум земји во кои мнозинство од населението се муслимани.
Апелациониот суд претходно вчера одби да го врати во сила декретот на Трамп за привремена забрана за влез во САД на државјаните на Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.
Трамп истакна дека целиот предмет ќе го изнесе пред Врховниот суд, нагласувајќи дека верува дека на крај сепак ќе го добие случајот.
Исто така, говореше за важноста на јакнењето на односите помеѓу САД и Јапонија.
Абе истакна дека е можно економските и трговските односи помеѓу двете земји во наредниот период дополнително да зајакнат.
Трамп се осврна и на прашањето на обновување на безбедносните гаранции на САД за Јапан во врска со островите во Источното кинеско море за кои имаат спор со Кина.
„Посветени сме на безбедноста на Јапонија и сите подрачја кои се под нејзина административна контрола", рече Трамп.