Mustafa Melih Ahıshalı
25 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, рече дека одлуката на САД да испратат војници е опасна за регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зариф, по официјалните разговори во Пакистан, во главниот град Исламабад, пред да патува за Техеран даде изјава за ИРНА, официјалната новинска агенција на Иран.
„Многу е опасно САД да го зголемат своето воено присуство во нашиот регион. Треба да се биде против оваа ситуација која претставува закана за меѓународниот мир и безбедноста“, изјави Зариф.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го одобрил испраќањето на околу 1.500 дополнителни војници на Блискиот Исток.
Непосредно пред изјавата на Трамп, во американските медиуми беше истакнато дека Трамп донел одлука за испраќање на дополнителни трупи и дека го информирал Конгресот.
Администрацијата на Вашингтон, пред две недели, како мерка на претпазливост против можните закани од Иран, во Персискиот Залив ја испрати ударната група бродови предводени од носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и 4 авиони за бомбардирање „Б-52“ со нуклеарен капацитет.