свет

Израелските сили упаднаа во јужниот дел на Сирија

Сириската државна телевизија Ал-Ихбарија објави дека израелските сили напредувале кон селото Ал-Оваинија во северна Кунејтра и извршиле рација во две куќи.

Betül Yılmaz  | 15.10.2025 - Обновена : 16.10.2025
 Израелските сили упаднаа во јужниот дел на Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските армиски сили денес влегоа во селото Кунејтра во Јужна Сирија, според локалните медиуми, јавува Анадолу.

Сириската државна телевизија Ал-Ихбарија објави дека израелските сили напредувале кон селото Ал-Оваинија во северна Кунејтра и извршиле рација во две куќи.

Друга израелска единица составена од осум воени возила, вклучително и булдожер и два тенка, напредуваше кон градот Источна Самаданија и беше стационирана неколку часа во областа пред да се повлече кон градот Кунеитра.

Од израелската армија немаше веднаш коментар за извештајот.

Во текот на изминатите месеци израелската армија изврши неколку прекугранични напади врз јужните сириски провинции, меѓу кои и Кунеитра, и покрај меѓународните повици за запирање на нарушувањето на суверенитетот на Сирија.

По падот на режимот на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година Израел ја прошири својата окупација на сириската Голанска Висорамнини со заземање на демилитаризираната тампон-зона, потег со кој се прекрши Договорот за раздвојување со Сирија од 1974 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın