свет

„Израел нема подобар пријател од САД“

„[Со Нетанјаху] Разговарав во врска со организациите Хамас и Хезболах, кои претставуваат закана за стабилноста на Израел и регионот. САД имаат морална и политичка обврска за спречување на непријателските сили да ја еродираат регионалната стабилност“

Esat Fırat  | 21.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
„Израел нема подобар пријател од САД“

ЕРУСАЛИМ (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) се најдобриот пријател на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

Помпео, во рамки на неговата регионална турнеја, пристигна во Израел, каде што се сретна со израелскиот претседател Рувен Ривлин, во неговиот кабинет на Западниот Брег.

Обраќајќи се на израелскиот претседател, Помпео рече: „И Ти знаеш дека Израел нема подобар пријател од САД. Тоа не останува само на зборови, тоа е она што на дневна основа го правиме за нашите интереси.“

Американскиот државен секретар нагласи дека стабилноста на регионот и на Израел е важна за САД.

„[Со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху] Разговарав во врска со организациите Хамас и Хезболах, кои претставуваат закана за стабилноста на Израел и регионот. САД имаат морална и политичка обврска за спречување на непријателските сили да ја еродираат регионалната стабилност. И ние ќе дејствуваме на овој начин“, додаде тој.

Од друга страна, израелскиот претседател Ривлин, обраќајќи му се на Помпео, истакна: „Знаеме дека ќе го посетите Либан. Но сакам да нагласам дека кога зборуваме за Либан, таа земја не можеме да ја замислиме одвоено од Хезболах. Затоа, доколку се случи нешто од Либан кон Израел, тогаш ќе го обвиниме Либан.“

Меѓу другото, Помпео рече дека Израел е загрижен од активностите на Хезболах.

Инаку, во рамки на регионалната турнеја, Помпео се очекува утре да допатува во Либан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın