Selçuk Acar
15 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) – Од канцеларијата за предизборната кампања на кандидатката за претседател од Демократската партија се тврди дека здравствената состојба на Хилари Клинтон е нормална, како и дека првата кандидатка за претседател на САД психички се чувствува одлично, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако на 68-годишната Клинтон ѝ е дијагностицирано воспаление на белите дробови, синоќа во нејзиниот дом ја посети и изврши преглед нејзината докторка Лиза Бардак, која потоа рече дека здравствената состојба на нејзината пациентка е нормална.
„Клинтон е здрава и психички стабилна и како таква е подготвена да служи како претседател на САД“, рече д-р Бардак.
Во неделата, Клинтон со помош на својот персонал ја напушти церемонијата за одбележување на 15-годишнината од терористичките напади во Њујорк. Првично беше соопштено дека имала покачена температура, а кратко потоа беше објавено дека Клинтон има воспаление на белите дробови.
Здравствената состојба на Клинтон минатата недела беше една од главните теми на предизборната кампања во САД, а опонентскиот табор на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп инсистира на тврдењата дека Клинтон не е способна да ја извршува највисоката функција во земјата.