Muhammed Bilal Kenasari
15 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Неколку американски сенатори побараа од државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, да поведе истрага за финансиската помош што САД ја испраќале за „политички активисти кои во странски земји спроведувале екстремни, а понекогаш и насилни активности“, во периодот додека Барак Обама беше претседател на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Републиканците Мајк Ли, Џим Инхоф, Том Тилис, Тед Круз, Дејвид Пердју и Бил Касиди поднесоа заеднички допис со кој се бара државниот секретар Тилерсон да поведе истрага за помошта што им била доделувана на различни организации поддржани од страна на Џорџ Сорос во времето на Обама.
Сенаторите во писмото до државниот секретар на САд, Тилерсон истакнуваат дека се користени државни пари за „левоориентирани групи во Македонија, Албанија, Латинска Америка и во Африка“.
Во писмото се наведува дека помошта од страна на Министерството за надворешни работи до некои организации била дадена со поддршка на Џорџ Сорос.
Сенаторите бараат од државниот секретар на САД, Тилерсон да се разгледаат активностите на сите американски институции кои водат програми за ширење и управување со демократијата, како и нивните сметки“.
Во писмото, меѓу другото, се вели: „Бараме да се истражи како со нашите пари од даноците биле правени политички пресврти во некои земји, без да се има почит кон независноста на земјите и народите што живеат во нив. Се надеваме дека оваа иницијатива истовремено ќе биде од корист за воспоставување корисни меѓународни врски“.
Сенаторите истакнуваа дека поседуваат голем број веродостојни извештаи во врска со овие тврдења.
„Овие активности се изведени од страна на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Сорос“, се вели во писмото.
Сенаторите сметаат дека овој вид на иницијативи треба да запрат колку што е можно порано.