свет

„Во израелски напад врз ирански затвор минатата недела убиени 71 лице“

- Меѓу жртвите на нападот се административен персонал на затворот, регрутирани војници, затвореници, роднини на затвореници и блиски цивили меѓу жртвите на израелскиот напад

Ikrame Imane Kouachi  | 29.06.2025 - Обновена : 29.06.2025
„Во израелски напад врз ирански затвор минатата недела убиени 71 лице“

АНКАРА (АА) - Во израелски воздушен напад врз затвор во иранската престолнина Техеран извршен минатата недела убиени се 71 лице, а голем број се повредени, објавија властите во Иран денес, известува Анадолу.

Асгар Џахангир, портпарол на иранското судство, го осуди нападот врз затворот Евин како „злосторство од страна на ционистичките сили“, нагласувајќи дека нападот влијаел и на цивилите што живеат во близина на зградите за посета на затворениците и судството на затворот, објави иранската новинска агенција Мехр.

Во веста портпаролот наведува дека меѓу жртвите на нападот се административниот персонал на затворот, регрутирани војници, затвореници, роднини на затвореници, како и цивили што живеат во близина на затворот.

Воздушниот напад се случил минатиот понеделник како дел од поширок бран напади на израелската армија врз повеќе цели низ Техеран, според израелските власти.

Дванаесетдневниот конфликт меѓу Израел и Иран избувна на 13 јуни кога Израел започна воздушни напади врз ирански воени, нуклеарни и цивилни објекти. Во овие напади убиени се најмалку 606 лица, а 5.332 се повредени, информираше иранското Министерство за здравство.

Техеран започна возвратни напади со ракети и беспилотни летала врз Израел, во кои животот го загубија најмалку 29 лица, а повеќе од 3.400 беа повредени, според бројките објавени од Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Конфликтот беше запрен со прекинот на огнот со посредство на САД и стапи на сила минатиот вторник, еден ден по воздушниот напад врз затворот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın