Hamdi Yıldız,Halime Afra Aksoy
31 Декември 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Министерството за здравство во Газа денес објави дека во израелските бомбардирања и гранатирања се убиени 21.822 Палестинци од 7 октомври досега, известува Анадолу.
Министерството информираше дека 56.451 лица се повредени во израелските напади кои траат веќе 86 дена.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа загинале 150 луѓе, а ранети се 286.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.
На 1 декември, по завршувањето на хуманитарната пауза која беше воведена на 24 ноември, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.
Во израелските бомбардирања од воздух, копно и море се убиените повеќе од 8.800 деца и над 6.300 се жени, при што околу 2 милиони луѓе се раселени во густо населената палестинска енклава поради недостатокот на храна и чиста вода.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.