Serdar Dincel,Gökhan Çeliker
12 Април 2025•Ажурирај: 13 Април 2025
ИСТАНБУЛ/АНТАЛИЈА (АА) — Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денеска одржа одделни средби со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и со швајцарскиот министер Игнасио Касис, јавува Анадолу.
Средбите се одржаа во рамките на Форумот за дипломатија во Анталија (ФДА) 2025, чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу.
Според дипломатски извори, на средбата со Лавров, двајцата министри разговарале за билатералните односи, енергетската соработка, прашања поврзани со безбедноста на пловидбата во Црното Море, како и напорите за постигнување прекин на огнот во тековната војна меѓу Русија и Украина.
Дополнително, било разговарано и за актуелните случувања во Сирија и за последната состојба во Појасот Газа.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Фидан остварил и средба со швајцарскиот министер Игнацио Касис, во рамките на Форумот, но детали од разговорот не се објавени.