Jeyhun Aliyev
10 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушолгу, денес ќе ја посети Холандија за да учествува на 7. Турско-холандска билатерална конференција, пренесува Anadolu Agency (AA).
На покана од неговиот холандски колега Стеф Блок, се очекува и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, да одржи билатерални разговори за време на неговиот дводневен престој.
„Конференцијата е дел од договорот меѓу турската и холандската Влада потпишан во март 2008 година, за зајакнување на соработката, а домаќини се Анкара и Хаг“, се вели во соопштението.
На Конференцијата во четврток ќе дискутираат шест работни групи за прашања како што се борбата против тероризмот, одржливиот развој, односите меѓу Турција и ЕУ и турско-холандските врски и енергија.
Чавушоглу и Блок се очекува да дискутираат за односите меѓу Турција и ЕУ, за регионалниот и меѓународен развој, како и за билатералните односи за време на разговорите.
„Чавушоглу официјално ќе го отвори турскиот генерален Конзулат во Амстердам, ќе се состане со турски и холандски бизнис-кругови и претставниците на турската заедница во Холандија“, пишува во соопштението.
Конференцијата последен пат беше одржана во февруари 2014 година во Анкара.