Bekim Laci
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
СКОПЈЕ (AA) - Комесарот за проширување и соседска политика на Европската унија, Јоханес Хан, одржува средби со лидерите на политичките партии во Македонија кои на предвремените парламентарни избори што се одржаа во декември освоија места во парламентот, во обид да се разгледаат можностите за формирање на Влада по овие избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешните средби со лидерите на политичките партии, Хан ги започна со претседателот на Движењето „БЕСА", Билал Касами, кој беше придружуван од страна на пратениците Африм Гаши, Зекрерија Ибрахим и Фадил Зендели.
По средбата, Африм Гаши изјави дека доаѓањето на комесарот Хан во Скопје е за да и помогне на Македонија да излезе од кризата и во исто време за формирање на влада што е можно поскоро.
Гаши изјави дека одлуката останува во партиите на земјата поради тоа што ЕУ не сака да се меша во внатрешните работи на земјата.
„Пораката на комесарот Хан е дека тоа ќе биде добро за нас што е можно поскоро за да излеземе од кризата. Се зависи од нас, од политичките актери и не охрабри да се интензивира комуникацијата меѓу себе", рече Гаши.
По состанокот со Движењето БЕСА, Хан се сретна со претседателот на партијата ДР-ДПА, Зијадин Села, кој по средбата изјави дека ЕУ изрази голем интерес за мирот и стабилноста во Македонија и дека е заинтересирана земјата што побрзо да формира влада, за да земјата биде посветена на потребните реформи иницирани порано.
„Заедно констатиравме дека предвремените парламентарни избори не се решение и би ја компликувале политичката ситуација во земјата. Ова беше главната тема на која беше разговарано со комесарот Хан", рече Села по средбата.
Еврокомесарот Хан се состана со пидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи, кој по средбата рече дека дошол да се сретне со еден пријател на Албанците, како што е Хан.
„И двајцата се согласивме дека ние многу се надевавме дека кризата ќе се надмине и дека со избори ќе се постигне решение", рече Тачи.
Во овие моменти Хан одржува средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а подоцна ќе се сретне со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.